Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Тасевска: По растот на минималната плата, следува и раст на пензиите

Владата предводена од СДСМ за четири и пол години двојно ја зголеми минималната плата, рече Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ, во денешната изјава за медиуми.

Таа потсети дека од 1 април 80.000 работници ќе добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари, односно 3.000 денари повеќе од она што како минимална плата го добиваа досега.

„Следува и ново зголемување на пензиите откако со редовното законско усогласување минатиот месец тие се зголемија 2,9 отсто. Новата методологија за повисоки пензии ќе се донесе преку дијалог со сите засегнати страни, кој почнува уште утре“, нагласи Тасевска.

Таа посочи дека покрај зголемувањето, се разговара и за воведување дополнителен финансиски пакет за пензионерите со цел да ѝ се помогне на оваа категорија граѓани во справувањето со последиците од енергетската и економската криза.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК