Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Арсовска лаже дека чистела, планини отпад има во сите скопски општини

Градоначалничката на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, не ја зборува вистината кога тврди дека исчистила 150 депонии во првите 82 дена од својот мандат, посочуваат од СДСМ.

Според нив, насекаде во Скопје, во сите општини, постојано се појавуваат нови депонии, а како што велат, постојните стојат неисчистени.

„Како што се гледа на фотографиите во прилог, добредојде на граѓаните во општина Гази Баба им посакуваат планини отпад, а слични глетки има во сите скопски општини“, стои во партиската реакција.

Според СДСМ, Арсовска во првите 100 дена на скопјани им донела стотици разочарувања.

„Од почетокот на мандатот може да се пофали само со поставување мобилни тоалети, нивелација на шахти, партизација на градските институции, прекин и застој на почнатите проекти, сериозно кратење на градскиот буџетот за животна средина“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода четворица разбојници во Скопје веднаш по добиената пријава дека во Градскиот парк одзеле пари од малолетници, следува кривична пријава

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК