14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец, расчистени три кражби

ЕВР Аеродром и Драчево расчисти повеќе кривични дела сторени на подрачјето на Аеродром во претходните неколку дена од страна на А.С.(26) од Скопје. Тој бил лишен од слобода на 15.02.2022 околу 16.00 часот, затоа што бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил приведен во полициска станица. Во службен разговор со полициски службеници тој признал уште три дела за кои бил осомничен.

На 14.02.2022 на ул.„Ѓорѓи Капчев“ одзел патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.И.(29) од Скопје. Истиот ден (14.02.2022), на ул.„Методија Шаторов Шарло“ одзел предмети од возило „фолксваген лупо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.Д.(27) од Скопје. Додека, на 15.02.2022 на бул.„Видое Смилевски Бато“ извршил тешка кражба од лицето Р.Л.(27) од Скопје.

По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Фатен крадец на дело во Битола, расчистени 14 тешки кражби

M T

Претрес во Кавадарци, расчистени повеќе кражби

M T

Приведен крадец од Виница, расчистени две тешки кражби, одземеното е вратено на сопствениците

M T

Приведен крадец во Велес, расчистени четири тешки кражби

M T

Приведен крадец во Куманово, расчистени четири кражби, украденото вратено на сопствениците

M T

Приведени тројца крадци, расчистени пет тешки кражби

M T