Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лазаревска: Законот за наставниците обезбедува повисоки плати во образованието

Како претседателка на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, сакам да ја информирам јавноста, а особено наставниците и стручните соработници, дека за утре, 18 февруари, закажав продолжение на седницата, на која треба да дискутираме за предлог-законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Таа истакна дека овој закон предвидува квалитетно решение за работниот однос на над 4.700 вработени во училиштата, кои со години работат, а не може да го трансферираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

Лазаревска изјави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокираа законот и работеа на штета на наставниците и стручните соработници, кои поради ваквиот неодговорен однос, речиси цела година земаат пониски плати.

Бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ исто такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека станува збор за добар закон, ги повикувам и апелирам до нив на утрешната седница да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граѓаните, додаде Лазаревска.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК