Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ признаа дека лажеле во таканаречениот отчет

Таканаречениот отчет на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е полн со лаги, а тоа вчера го потврди и Тимчо Муцунски, кој призна дека ја лажеле јавноста дека за 100 дена изградиле 33 градинки, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на Христијан Мицкоски, според кого градоначалниците од редовите на политичките опоненти не сработиле ништо досега.

„Нервозен е Мицкоски затоа што знае дека граѓаните ја гледаат неспособноста на неговите градоначалници. Со ништо не може да го оправда неработењето градоначалниците кои во првите 100 дена не сработеа ништо, освен што ги партизираа општините“, стои во партиската реакција, во која се додава дека наместо конкретни решенија и проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат да ја замајуваат јавноста со измислици и конструкции.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК