14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пиарот на ДПМНЕ изненадува, социјалните мрежи вријат: ВМРО ДПMНЕ изградиле 33 градинки за сто дена, колку што Северна Кореја го победи Бразил на Светско!

Жестоки реакции предизвика памфлетот на ВМРО ДПМНЕ, во кој се фали оваа партија се фали дека изградила 33 градинки за сто дена. Од ВМРО ДПМНЕ одат уште подалеку, зборуваат за 66 училишта 206 патишта, 111 водоводи и канализации.

Шокантно е што памфлетот на ВМРО ДПМНЕ наликува на вестите во Северна Кореја, чии телевизии на жителите им кажуваат вести од типот дека на Светско првенство играле финале со Бразил и Северна Кореја била победникот.

Дури и човек со просечна интелигенција може да сфати дека за изградба на градинки, учиилишта, водоводи и канализации потребни е многу време, во прашање се години, а не сто дена. Пример за една градинка или училиште потребна е локација, дозвола, финансирање, тендер, жалби, па потоа градење кое може да трае и до 1-2 години. Проектот со изградба на нови градинки инаку е отпочнат пред неколку години, а го води Министерството за труд и социјална политика.

Социјалните мрежи вријат, твитерџиите не си веруваат на очите и мислат дека е некоја шега, а не објава од ВМРО ДПМНЕ