Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шаќири и Адеми: Образованието треба да ги пресретне брзите промени на современите текови

Образованието треба да биде визионерско, тоа од нас го бараат сегашните генерации кои ќе бидат граѓани на иднината. Заложбите за образование кое ќе ги пресретне, прифати и примени брзите научно-технолошки иновации и промени ни се заеднички, се согласија актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири и поранешниот Арбер Адеми.

На денешната средба, на која присуствуваше и Еркан Арифи, градоначалникот на Липково, се разговараше за активностите кои претстојат пред Министерството за образование и наука, како и за капиталните инвестиции во образовната инфраструктура.

Адеми, кој е актуелен пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, нагласи дека посебно го радува што министерот Шаќири продолжува со промовирањето на средното стручно образование, активност што заедно со Владата почна во неговиот мандат. Тој изрази подготвеност да му помогне на министерството во процесите на јакнење на дуалното образование, затоа што квалификувањето на младите за полесно вклучување на пазарот на труд е од исклучителна важност.

Двајцата соговорници разговараа и за реформите во основното образование и важноста од продолжувањето на процесите за осовременување на наставните програми како и за унапредувањето на процесот на инклузија.

Можеби ќе ве интересира

МИР ПРЕД БУРА: По стабилните денови следуваат дожд и грмежи – објавена е четиридневна прогноза за времето

ДЕСК

ТЕПАЧКА ПРЕД ХОТЕЛ ВО СКОПЈЕ: Расправија меѓу вработени заврши со физичка пресметка, полицијата излезе со детали

ДЕСК

ГРАБЕЖ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЦЕНТАР: Со сила ѝ го скинал накитот на жена на постојка

ДЕСК