Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нека се грижат за Ќосето и Ванчо Михајлов, за Гоце Делчев не е потребна декларација

ВМРО-ДПМНЕ нека продолжи да се грижи за оние за кои правеше споменици и ги величаше, како Ќосето, Александров, Мијалов, порачаа од СДСМ.

„За најголемиот македонски херој, за нашиот великан Гоце Делчев не се потребни декларации, не заслужува неговата големина да се сведува на политички подметнувања и декларации. Нема што друго ВМРО-ДПМНЕ да понуди пред граѓаните освен политички подметнувања и обиди за поделба меѓу граѓаните и помеѓу македонскиот народ.

Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да ни држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик.

Нема да учествуваме во дневнополитички театар на ВМРО-ДПМНЕ, чија единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ“, велат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК