Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да се вклучи во работните групи со Бугарија, Мицкоски да каже што му одговорил на Петков

ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да се вклучи во работните групи со Бугарија, Мицкоски да каже што му одговорил на Петков, велат од СДСМ.

Од владејачката партија додаваат дека Христијан Мицкоски нема државнички капацитет.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше покана да вклучи свои претставници во петте работни групи со Бугарија но тие јавно одбија да учествуваат. Наместо да се вклучи во важни процеси од интерес на нашите граѓани и државата и активно да придонесе во барањето решенија за отворените прашања Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ избраа да седат на страна“, појаснуваат од партијата.

Според СДСМ, Мицкоски и должи на јавноста одговори што му кажал на бугарскиот премиер Петков за време на неговата средба.

„Особено поради тоа што Христијан Мицкоски едно зборува во јавноста а друго на официјалните средби“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК

Драма на „Туристичка“: 17-годишен велосипедист удрил во автомобил – итно пренесен во болница

ДЕСК