Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ срамно ги понижува работниците

Соопштение на СДСМ:

Секој ден се покажува вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Тие се против работниците и покачувањето на платите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски срамно ги понижува работниците кои работат на каса.

Зарем за Стоилковски работниците кои работат на каса не се доволно вредни?

Или мисли исто како неговиот Трајко Славевски дека работниците не заслужуваат поголема минимална плата од 18.000 денари?

Никој нема право да ги навредува и понижува луѓето што работат на каса во маркетите.

Граѓаните знаат за лицемерието на ВМРО ДПМНЕ и подобро да не ги споменуваат наставниците.

Токму ВМРО-ДПМНЕ цела година во Собрание го кочат законот со кој се регулира статусот и се зголемуваат платите на 4.700 наставници!

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК