Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Детална прогноза до краот на неделава: УХМР најавува промена во сабота

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно. Во раните утрински и претпладневни часови во североисточните и источните подрачја ќе провејува слаб снег. Попладне долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. До крајот на денот облачноста ќе се намалува.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 13 степени.

Во Скопје, претежно облачно, кон крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и пораст на дневните температури. Во четврток и петок по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе се задржи пониска. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК