Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Петров: Стево Пендаровски и актуелната влада имаат ист став по однос на стратешките прашања за државата

„Претседателот Стево Пендаровски и актуелната Влада имаат ист став по стратешките прашања за државата и тоа е најважно“ кажа членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во емисијата „Во центар“.

Тој додаде дека важно е кога генералните правци во кои треба да се движи државата се синхронизирани во извршната власт, во која свои интегернции има и претседателот.

„Пендаровски е претседател на државата и кандидат на СДСМ. Владата има коректна соработка со него и за клучните работи има добро разбирање“ кажа Петров.

Тој додаде дека премиерот Ковачевски и претседателот Пендаровски ќе имаат добро разбирање и ќе ја подобруваат соработката.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК