Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Битола, расчистени четири тешки кражби, украденото ќе биде вратено на сопствениците

На 03.02.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола. Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.

Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела. Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да се реформираат, СДС и Филипче по насока на пропаднатиот ПР тим и преку фалименто соопштенијата, се фокусираат на избори и состојби во други држави

ДЕСК

СДСМ: Испративме писма до ЕУ по најавата за политики прогон на Мицкоски

ДЕСК

ПРОВОКАЦИЈА ВО ТЕТОВО? Странско знаме закачено пред касарната

ДЕСК