23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Online sesija na Ohridskata shkola na prirodnoto pravo na tema "Osnovi na reformata na pravniot sistem vo RSM i ekoloshkata pravda". Naser Nuredini, Minister za zhivotna sredina i prostorno planiranje na RSM.
МАКЕДОНИЈА

Нуредини: Употребата на кеси за носење стоки драстично е намалена

На денешниот брифинг за новинари, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, ги информира медиумите за првичните сознанија за ефектите од воведувањето на мерката за забрана на пуштање пластични кеси за носење стоки за еднократна употреба на пазарот во Република Северна Македонија.

„Со цел да бидеме транспарентни, ја споделуваме информацијата за количината на собраните средства од наплатени кеси во тек на декември, што изнесува 14,413 милиoни денари“, изјави Нуредини.

Министерот Нуредини најави структурирање и донесување програма за инвестирање, со која средствата би се вратиле во услужните дејности од кои сите граѓани би го почувствувале бенефитот. Се размислува, пред сѐ, за инвестирање во системот на селекција на отпадот, со што би им се помогнало на локалната самоуправа и на колективните постапувачи со отпад, кои со новите закони имаат обврска да ја воспостават инфраструктурата за селекција.

Одговарајќи на новинарски прашања, во продолжение министерот Нуредини информира за степенот на реализација на регионалните системи за управување со отпадот и за предизвиците нагласувајќи дека во услови кога веќе е подготвена целата документација и преговарањето за обезбедување финансиски средства за конкретна изградба на модерните стандардни депонии е во завршна фаза, мора да се здружат силите и неопходните процеси на локално ниво да се завршат бидејќи секое одлагање и ненавремено решавање на локалните проблеми значи враќање на почеток, губење на средствата, зголемување на проблемот со неконтролираното расфрлање на сметот и ја засега целата државата со сите плански региони.