14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Република Северна Македонија бележи скок од 111. место на 87. место во најновиот извештај за борба против корупција на Трансперенси интернешнл

Фејсбук статус на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски:

Република Северна Македонија бележи скок од 111. место на 87. место во најновиот извештај за борба против корупција на Трансперенси интернешнл.

Како МВР бележиме одлични резултати во делот на борбата против корупцијата:

▶️2020 – откриени 97 кривични дела, за што кривично беа пријавени 161 сторител, за причинета материјална штета од околу 100,2 милиони денари
▶️И во текот на 2021 година МВР продолжи со тој засилен тренд на детектирање и правно процесирање, така што за периодот во првите десет месеци беа откриени и расчистени 114 кривични дела поврзани со корупција и коруптивни злоупотреби, што претставува над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата, споредбено со истиот период лани, а причинетата материјална штета изнесува 97,3 милиони денари

Успеавме да ја рангираме државата меѓу подобрите во регионот и со право можеме да кажеме дека со поставувањето на борбата против корупцијата меѓу врвните приоритети на МВР и Владата, уште еднаш на дело го покажавме принципот на добро владеење, односно дека борбата против корупцијата е најсилната алатка за самоодбрана на една држава – чин на вистински патриотизам!

Спонзорирано: