Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Денешниот индекс на корупција е потврда на сработеното минатата година

„Скокот од 24 позиции на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл се должи на се она што беше направено во 2021 година, соработката со Државната комисија за спречување на корупција и постапувањето по нивните иницијативи“ кажа Љупчо Николовски во вестите на Сител ТВ.

Тој додаде дека во изминатата година се стави акцент на транспарентноста, отвореноста, интегритетот, обуките, намалувањето на привилегиите, а кажа дека изработен е и нов план за имплементација на нови мерки.

„Донесовме конкретен план со конкретни рокови, мерки и очекувани резултати што се потврдува дека дава резултат. Институциите и Владата ќе продолжат со сите сили и вакво темпо, за следната година да имаме уште поголем скок и да се најдеме на уште подобро место“ кажа Николовски.

Тој додаде дека по минатогодишниот извештај, се одржале состаноци со Транспаренси Интернешнл при што внимателно се разгледале сите препораки на кои потоа се работело.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК