2. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Лукаревска: За укинување на „Пржинската“ влада треба да дебатираат сите чинители

„Техничката влада е донесена од четирите политички чинители во тој период со сериозен ангажман на меѓународниот фактор. За укинување на Пржинската влада треба повторно сите чинители да седнат и да дебатираат, па да видиме што ќе се случи. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е еден вид условување и несериозна иницијатива во овој период“ кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека токму владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше причината за создавањето на концептот на техничка, „Пржинска“ влада, со цел да се организираат фер и демократски избори.

„Со ова што сакаат да се укине Пржинската влада, ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека институциите знаат, можат и спроведуваат фер и демократски избори, што всушност го потврдија извештаите на ОБСЕ и ОДИХР“ кажа Лукаревска.

Таа додаде дека иницијативата предложена од ВМРО-ДПМНЕ е несериозна и според неа парламентарните избори ќе се одржат во 2024 година, бидејќи сега следува период на работа, резултати и проекти.

Можеби ќе ве интересира

Телефонската линија 192 повторно е во функција

C +

Систем, не спектакли и пи-ар: Шукова и Битиќи со граѓаните за чисто и одржливо Скопје

C +

Филипче најави законско решение на СДСМ: 3 денари повеќе по килограм за лозарите

C +