Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Христоски: Во Крушево конечно го решаваме деценискиот проблем со недостатокот на вода за пиење

„Најголем проблем во Општина Крушево е што за жал, дури и во 21 век, се уште дел од граѓаните се соочуваат со недостаток на вода за пиење. Ова е децениски проблем, за кој се ветувало решение во изминатите 30-40 години“ кажа градоначалникот на Крушево, Томе Христоски во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека конечно општината го решава овој проблем со изградба на неколку резервоари за вода, како и обновување и градење на водоводната мрежа.

„Граѓаните бараат и чекаат резултати. Во новиот мандат го продолжуваме започнатото од претходно. Во минатиот мандат изградивме преку 50 километри локални и регионални патишта, канализациони системи, водоводни мрежи, резервоари за вода и насочивме доста фондови кон Крушево“ кажа Христоски.

Тој додаде дека преку грант од Светска Банка општината обезбедила 500 илјади евра, 200 илјади евра обезбедиле за гасификација на спортската сала и гимназијата, а преку фондовите на ЕУ обезбедиле 700 илјади евра за раст и развој на туризмот со прекуграничка соработка со Елбасан.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК