2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кузеска: На граѓаните им се потребни мерки и решенија, а не предвремени избори, понудата на ВМРО ДПМНЕ е неискрена

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Уште еднаш ќе го повториме нашиот јасен став дека барањата и предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се неискрени и претставуваат едно условување и се одраз на нивниот страв како што кажавме и од работата на градоначалниците коишто во изминатиов период видовме многу јасно дека не се спремни да одговорат на потребите на граѓаните и дека не знаат да раководат со општините коишто ги доби ВМРО-ДПМНЕ.

Како на пример, јас би посочила неискрената намера каде можеме да ја забележиме на ВМРО-ДПМНЕ е дека тоа е партијата којашто во изминатиот период ако се сеќавате ги блокираше предлог измените во изборниот законик во однос на една изборна единица со околу 3 илјади амандмани, а деновиве гледаме дека тоа е партијата која со притисоци и со закани, со уцени се обидува да врши притисок врз помалите партии коишто се во коалиција со СДСМ.

СДСМ уште днаш повторува дека е против предвремени парламентарни избори и сметаме дека оваа Влада ќе биде Влада до 2024 година затоа што граѓаните и тоа го заслужуваат, односно заслужуваат пред нив да се однесуваме одговорно и да одговориме секако на сите предизвици коишто се во однос на енергетската и здравствената криза.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +