20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Во време на криза градоначалникот на Ѓорче Петров потрошил 6.000 евра за чоколади, сокови и чаеви

Во време на економска и енергетска криза, кога општините се соочуваат со проблеми заради поскапата
електрична енергија и природен гас, Општина Ѓорче Петров склучила два договори за набавка на прехранбени производи, сокови и топли напитоци во износ од безмалку 6.000 евра.

Станува збор за две набавки едната во вредност од 118.000 денари а втората од 236.000 денари или вкупно градоначалникот на Ѓорче петров, Александар Стојкоски потрошил 354.000 денари или речиси 6.000 евра за оваа набавка.

Претходно, Стојкоски се жалеше дека општината била во тешка финансиска состојба и заедно со градоначалничката на Скопје, Арсовска, го одби предлогот општините и Град Скопје да издвојат пари за да се субвенционира поскапувањето на цената на парното за скопјани.

Спонзорирано: