7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Распустот се продолжува – кризниот штаб препорачува учебната да почне на први февруари

Денеска, 17.01.2022 година со почеток во 20:00 часот се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Седницата ја водеше премиерот Ковачевски, а на истата присуствуваше и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.

Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот.

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Заклучокот е предложен до Владата и за него Владата ќе дискутира веќе на следната седница која се одржува вечерва во 21:30 часот.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК