Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени крадци од Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 16:00 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Гази Баба се приведени Џ.Д.(20) и Е.Д.(22), двајцата од Скопје, со што е расчистено кривично дело кражба, извршено на 28.12.2021 во 1:20 часот во казино на подрачјето на Гази Баба.

Притоа, било утврдено дека кривичното дело го извршила Џ.Д., додека Е.Д. ѝ помогнал во извршувањето. Одземеното е пронајдено кај приведените и вратено на сопственикот.

Во координација со Јавен обвинител по комплетно документирање на случајот против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК