Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Пандемијата ги остави без работа угостителските работници во Германија

Секој четврти вработен во угостителството во Германија остана без работа поради пандемијата на коронавирусот.

Според податоците на Заводот за статистика на Германија, во првите десет месеци од минатата година бројот на вработени во угостителството бил за 23,4 отсто помал во однос на истиот период во 2019 година.

Во најтешка ситуација се вработените во кафеаните и кафулињата, каде што бројот на вработени е намален за 44,7 отсто од избивањето на пандемијата.

Во рестораните има 22,5 отсто помалку работници. „Најбезбедни“ се вработените во фирмите кои се занимаваат со „угостителство“, каде што на платен список се „само“ 17,1 отсто од работниците.

Можеби ќе ве интересира

GOOGLE ГО ПРЕТСТАВИ GEMINI 4 CARBON – Нов моќен АИ-модел за сајбербезбедност

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА ЗА КАМАТИТЕ – ЕЦБ повторно во фокусот

ДЕСК

Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија

ДЕСК