Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ескобар: Зборувавме со Франција што е можно побрзо да почнат преговорите на Македонија со ЕУ

Заменик-помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, зборувал со Франција за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, која од први јануари го презеде шестмесечното претседателство со Унијата.

„Ставивме јасно до знаење дека ние веруваме дека членството во ЕУ за сите држави од Западниот Балкан е од суштинско значење за сите нас. Веруваме дека тие се дел од Европа, веруваме дека како што ги исполнуваат условите со затворање на поглавјата треба да бидат сè повеќе интегрирани во ЕУ и мислиме дека тоа ќе биде решение за сите држави. Секоја држава што влегла во ЕУ станала подемократска, попросперитетна и постабилна“, изјави тој за Гласот на Америка на македонски јазик.

Тој рече дека верува оти ЕУ не ја разочарала Северна Македонија бидејќи и натаму продолжува да ѝ помага.

„Верувам дека ќе постигнеме соодветен договор за многу кус временски период. Ќе работиме на тоа“, кажа тој.

Ескобар смета дека шест месеци, како што најави бугарскиот премиер Кирил Петков за решавање на спорот со Северна Македонија, се доволни да се решат проблемите, иако нагласи дека постои фрустрација меѓу европските партнери оти процесот не се одвива брзо.

Тој, исто така, рече дека САД остануваат на позицијата дека Северна Македонија и Албанија не треба да се одвојуваат во процесот на пристапување во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

C +
error: Соддржината е заштитена.