7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бектеши: Зошто градоначалничката Арсовска и Советот на Град Скопје не предвидоа ни денар во буџетот во енергетската криза за 2022 година?

„Владата и Министерството за економија го повикаа Град Скопје во нивниот буџет за 2022 година да одделат средства за ублажување на притисокот од енергетската криза врз граѓаните. Тоа е покажување грижа за граѓаните и тоа требало да го има предвид Град Скопје“ рече министерот за економија, Крешник Бектеши во дебатата со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој потенцираше дека плановите за енергетската криза започнале уште во август месец минатата година, кога и се доставуваа кандидатурите за локалните избори.

„Секој што се кандидира за менаџирање на одредена општина, треба да ја знае ситуацијата и што ќе го очекува по стапувањето на функција. Кандидатурите за локалните избори се доставуваа до крај на август, кога веќе се знаеше дека ќе имаме енергетска криза. Тогаш требаше да направите план за како ќе ја менаџирате кризата“ рече Бектеши во дебатата со Арсовска.

Тој додаде дека Градот Скопје може да побара пренамена на наменските средства кои владата ѝ ги има исплатено на локалната самоуправа со цел справување со енергетската криза.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +