Интернет порталот Фактор.мк, објави дека Оливер Спасовски, актуелниот министер за внатрешни работи, најверојатно ќе остане на истата позиција и во новата Влада која ја составува мандатарот Димитар Ковачевски.
Иако официјално сите министри не се обелоденети и се тврди дека конечните одлуки не се донесени, извори брифираат дека Спасовски секако ќе биде дел од новиот владин состав и нема да ротира од ресорот.ќ, пишува медиумот.
Спасовски на крајот на декември си поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ.
Тој претходно изјави дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.
„На новиот претседател треба да му се даде можноста како што ја превзема одговорноста да биде лидер на партијата, да му се даде полно право во изборот на неговиот тим. Тој избор треба да го направи од нови луѓе, и затоа сметам дека не треба да бидам дел од новиот тим, се со цел да не го обременуваме ниту претседателот ниту новиот тим“, порача Спасовски, пренесе интернет порталот Фактор.мк.