Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено ѝ служеше

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски изрази сочувство до семејството на војникот на АРМ кој вчера на Божик во вечерните часови, (околу 18.15 часот), во болница во Приштина, Косово, ненадејно почина. Станува збор за професионален војник со иницијали И.Ч на 44 годишна возраст, кој беше во состав на контингентот на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата КФОР.

„Изразувам длабоко сочувство до семејството по повод ненадејната смрт на припадникот на нашата Армија кој беше дел од мисијата во Косово.

Армијата загуби свој припадник, колега и војник кој посветено и служеше на нејзината мисија.

Вечен спомен, нека почива во мир“, напиша Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК