19. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сончево со мала облачност, во текот на новогодишната ноќ ведро, со температури над нулата

Утрово биле измерени -3 степени на Попова Шапка, -2 во Маврови Анови, Тетово, Штип и Струмица, -1 степен во Крушево, 0 во Претор, Битола, Виница, Прилеп, Дебар и Скопје – Петровец, 1 степен во Крива Паланка, Лазарополе, Охрид, Демир Капија и Скопје – Зајчев Рид, 3 степени во Куманово, 6 во Дојран, 8 степени во Гевгелија.

Утринава имало појава на магла во Струмичкиот Регион.

Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а по должина на Повардарието умерен ветер од северен правец. Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, температурите само понекаде ќе се спуштат до 0°С и ќе има услови за појава на магла во котлините. Максималната температура ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до краткотрајно умерена облачност. Преку ноќта ќе биде ведро и до наутро по малку студено со услови за појава на магла. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Можеби ќе ве интересира

Сите гласови од немоќните, болните и затворениците се запечатени во посебни коверти и гласачка кутија, истата се отпечатува дури во недела во 19 часот кога ќе бидат затворени гласачките места низ Републиката

ДЕСК

Утре се слави Светиот апостол Тома

ДЕСК

Закани кон членови на Избирачки одбори и вработени од кандидат за градоначалник – обвинува политичка партија

ДЕСК