Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

199 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје биле изречени вкупно 199 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 33 санкции, 41 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 21 санкција за возење без возачка дозвола.

Изречени биле и 10 казни за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 12 прекршоци што ги направиле пешаците, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните деновина, јави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ Е НАЈТАЖНИОТ ДЕН ВО ХРИСТИЈАНСТВОТО! Го славиме Велики петок – денот на страдањето на Исус Христос!

ДЕСК

ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ ПО НУЛАТА, НАУТРО ЌЕ ИМА МРАЗ: Метеоролозите со четиридневна прогноза – лоши вести за времето

ДЕСК

Масовна тепачка на крстосница близу Кичево: Се удирале со дрвени предмети и ножеви, има повредени

ДЕСК