15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

„Само сврти се“ – Балада со темел од емоции и уметност на Лара Иванова и Панче Касапски

Скопје, 28.12.2021 – Во преостанатите денови од последниот месец од годината, македонската музичка сцена на крајот на 2021ва, започнува да добива сè пооригинален лик и форма.

Пејачката Лара Иванова заедно со пејачот и композитор, Панче Касапски за своите фанови го подготвија видео записот на новата песна, „Само сврти се“, автентична и модерна поп-балада со изразен бит, чиј темел се емоциите и уметноста.

Во видео спотот Лара е претставена како сликар, — мотив, кој што е целосно нејзина идеја како начин за визуелизирање на тематиката на песната, а драматичноста на испеаните стихови е преточена во секој кадар од новото видео.

Зад првиот дует на Лара и Панче стои квалитетен и искусен тим. Музиката и аранжманот се на Панче Касапски, миксот и мастерингот се снимени во студиото на Лазар Цветкоски, а текстот е на Робин Зимбаков. Режисерската палка на видео записот му припаѓа на Ѓорги Вацев, а уникатното сценарио за видеото се должи на креативноста на целиот тим.

„Навистина сум пресреќна што сум дел од овој проект заедно со Панче и многу талентирани лица од музичката индустрија, кои се заслужни за мојата нова омилена песна. Како мој прв дует со македонски артист, моите очекувања се дефинитивно надминати, а снимањето на песната во студиото на Лазар Цветкоски секако делумно допринесе за истото. Со помош на музиката и желбата да креираме нешто сосема поинакво и оригинално, и со моќните стихови, кои што Робин Зимбаков совршено ги вклопи во оваа песна и кои што пренесуваат автентична емоција, – заеднички успеавме да создадеме оригинално уметничко дело. Видеото изобилува со црно-бел приказ, но вистинскиот колорит на песната се чувствува во самата мелодија и во мојата и изведбата на Панче, — нешто кое Ѓорги Вацев умешно успеа да го долови. Спотот е снимен во Музејот на Град Битола, можност за која што сум многу благодарна, како на институцијата, така и на Битолчани,“ изјави Лара.

Името на песната „Само сврти се“ само по себе е доволен повик очите на јавноста и фановите да се свртени кон новиот видео запис и да уживаат во ова ново музичко дело за време на празниците.

„Да се соработува за прв пат, со вокал и музички талент каков што е Лара, е вистинско задоволство и привилегија. Секако истото важи и за легендарниот тим, кој што е и повеќе од заслужен за реализирање на овој дует и видео спот, а за кој што ми е искрено драго што сум дел и како композитор. Како пејачи, со Лара совршено се надополнуваме во „Само сврти се“ и емоциите, кои што ги пренесуваме низ песната, се целосно доловени и евидентни во секој испеан стих,“ изјави Панче.

Стајлингот на пејачите во видеото за „Само сврти се“ се должи на Викторија Бурсак со креирање на модерен микс од брендовите Sigma Jewelry, Dioptra Optics, како и од Fashion Group Macedonia. Шминката и фризурата се на Даниел Николовски.

Песната и видео записот се поддржани од Miniso Macedonia и Солопром, како и од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола.

Видео спотот од новата песна на Лара Иванова и Панче Касапски, „Само сврти се“ својата премиера ќе ја има вечерва (28.12.2021) точно во 19:00 часот на официјалниот YouTube канал на Лара:

Спонзорирано: