Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во тетовско – повеќемина повредени

На 26.12.2021 во 09.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с.Јажинце, кај с.Непроштено, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(43) од с.Нераште и патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(40) од с.Доброште.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Н., а со телесни повреди се здобиле Ш.С. и сопатникот од истото возило, Ј.М.(43) од с.Нераште, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА НАСИЛНИЦИТЕ ВО СЕМЕЈСТВАТА – Се разгледуваат итно отстранување од домот и електронски алки

ДЕСК

СУДСКИ ПРЕСВРТ ВО СЛУЧАЈОТ СО 350.000 ЕВРА – Вештак укажува на можни пропусти при обезбедувањето на доказите

ДЕСК

ПОЧНА РАСПРАВАТА ЗА БУЏЕТОТ ЗА 2027 ГОДИНА – Пратениците поднеле 400 амандмани

ДЕСК