Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Избегната трагедија откако пациент запалил цигара во соба за кислородна поддршка

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пацинетот се здобил со помали изгореници на лицето и градите.

Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК