Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Омикрон дојде и во Македонија

Министерството за здравство информира дека во Република Северна Македонија, денеска е деректиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2. Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија.

Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид 19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон. Во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

ДЕСК

Мицкоски: Предлог законот за пушење е донесен врз консултации на сите засегнати страни, нема да има повластени, ќе се спроведува на целата територија на државата

ДЕСК

МОПЕД ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И УДРИЛ ВО ДРВО: Осумнаесетгодишник тешко повреден во валандовско

ДЕСК