22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Скопјани спремете се: Денеска и утре повеќе населби без струја

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска и утре ќе бидат корисниците во неколку скопски населби.

Без струја денеска од 08:30 до 13:30 ќе бидат корисниците од дел од булевар „АСНОМ“, згради број 44, 48, 50 и 54 во Општина Аеродром.

Во период од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Загребска“, подулици број 1 и 3 во Општина Центар.

Корисниците од дел од улицицте „Драга Стојановска“, „Балзакова“, „Невена Георгиева Дуња“ и улица „Дренак“ во Кисела Вода ќе бидат без струја во период од 09:00 до 15:00 часот.

Без струја утре од 09:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Ботун“ во Општина Ѓорче Петров.