Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ распродаде 70% од Славија, а денес ја лаже и манипулира јавноста

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да шири лаги и дезинформации во врска со најавената продажба на акциите на АД Славија мислејќи дека на тој начин ќе ја заташкаат вистината дека во периодот 2012 – 2017 година имотот на компанијата се рапродавал на парче со тајни зделки.

Со таквата распродажба на десетици дуќани и локали, некогашни маркети низ целата држава, ВМРО-ДПМНЕ дополнително ја обезвредни АД Славија, која е потоната во долгови, кон доверители и кон поранешни вработени.

Наместо да пласираат тешки дезинформации од Белата палата, треба да им објаснат на граѓаните зошто во текот на нивното12-годишно владеење не успеале да го решат проблемот со АД Славија, туку распродале 70% од нејзиниот имот.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Христијан Мицкоски постојано работи на штета на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК