Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Притвор за цариниците и полицајците уапсени за шверц на дрога

Притвор за цариниците и полицајците кои денеска беа уапсени во голема полициска акција, за шверц на дрога.

„ Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело криумчарење, а дел за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постапка.

Според решенијата за определување мерка притвор, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото, се наведува во соопштението.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК