Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: На располагање сум да му помогнам на новиот претседател Ковачевски

Досегашниот министер и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче, во одоговор на новинарско прашање дека рече дека е на располагање да му помогне на новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

„Се обидувам да направам се што можам да му помогнам на новиот претседател на партијата во делот на зајакнување на некои капацитети. Споделив дел од искуствата коишто ги имам од претходниот период иако тоа беше краток период на потпретседателската функција на партијата, бројните контакти, искуствата од кампањата за време на изборите и сл. Ги пренесов и кажав моите мислења и секако му кажав на новиот претседател со кој сме исто и многу добри пријатели господинот Димитар Ковачевски, дека сум тука на располагање, во било која форма да помогнам, во било кој од тие процеси.“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

НОВА СОРАБОТКА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И САД: Царинските управи подготвуваат меморандум

ДЕСК

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК