Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кој ја доделува државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“?

Државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин“ се доделува за остварувања во областа на публицистиката и новинарството. За првпат е доделена во 1969 година. Во една година можат да се доделат најмногу две награди, пишува Фронтлајн.

Добитници на оваа престижна државна награда за 2021 година се Аделина Марку и Марјанчо Николовски за остварување во областа на новинарството, а Тошо Филиповски и Томислав Кежаровски за остварување во областа на публицистиката.

За наградата што му е доделена на Марјанчо Николовски, ТВ Сител за својот уредник пишува:

„Новинарот и уредник на ТВ Сител, Марјан Николовски е добитник на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, за остварувања во новинарство за 2021 година. Наградата му се доделува за особен придонес кон афирмација на регионален, културен и општетствен дијалогот, религиска, национална и етничка толеранција, како и промоција на позитивни вредности и евратлански перспективи.“
Државната награда ја доделува Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, составен од претседател и 12 члена, кој распишува конкурс и донесува одлука за доделување на наградата. Конкурсот трае од 1 до 31 октомври. Државната награда се врачува во Собранието на РМ на 21 декември – денот на раѓањето на Мито Хаџи Василев-Јасмин.

Претседателка на Одборот за доделување на наградата е новинарката Катерина Блажевска, додека членови се: Билјана Бејкова, Гордана Дувњак, Арлинда Калиси, Љупчо Поповски, Столе Наумов, Александра Бубевска, Мигена Горенца, Рамуш Муарем, Лирим Дулови, Тихомир Илиевски, Сашка Цветковска и проф. д-р Емилија Симовска.

При гласањето за доделување на наградата оваа година немало ниту еден глас против. Одборот го избира Собранието на Република Северна Македонија и нема допирни точки со Владата.

Извор: Фронтлајн

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК