Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

30 дена притвор за цариниците и полицајците за шверц на дрога преку скопскиот аеродром

Кривичниот суд соопшти дека на осуммина осомничени им бил изречен притвор од 30 дена ,а на еден од нив на 8 дена, соопшти Кривичниот суд. Меѓу осомничените има и цариници и полицајци.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка денеска беа спроведени 9 лица осомничени – дел за кривичното дело Криумчарење, а дел за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

По произнесување на надлежниот јавен обвинител и осомничените во присуство на нивните бранители во однос на предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на 8 од осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на еден од осомничените му определи мерка притвор во траење од 8 дена со оглед да против истиот е поднесен предлог во скратена постака.

Според решенијата за опредлеување мерка притвор, судот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т 1. 2. и 3. од ЗКП односно дека кај осомничените постои опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците или да ја попречат истарагата и опасност да го повторат делото.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје.

Основен кривичен суд Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК