Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Утре сончево и студено со утрински температури под нулата

Утре се очекува сончево и студено време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен по должина на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -1, а максималната ќе достигне од 0 до 9 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне 5 степени.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено в среда и в четврток кога на места ќе се спуштаат и под минус 10 степени. В петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК