Centar.mk
ЛОКАЛНО

Арсовска се сретна со Сијарто: Интензивирање на соработката помеѓу Унгарија и Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се сретна со министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

На средбата се разговараше за предизвиците што во наредниот период го очекуваат Град Скопје, како и за проектите што веќе почнаа да се реализираат. Приоритетите на новата градска администрација се создавање подобар квалитет на животот за граѓаните, како и исполнување и реализација на сите проекти предвидени во програмата на Град Скопје.

На средбата беше договорено да се интензивира соработката меѓу Република Унгарија и Град Скопје со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните. Министерот Сијарто ѝ посака на Арсовска успешна работа како градоначалничка на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

ДЕСК

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

C +

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК