16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Шутаров: Арсовска прекинува и изградба на два моста со кои ќе се олесни сообраќајот

Новата градоначалничка, Данела Арсовска, најавува дека нема да ги гради двата нови моста – на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска што би го олесниле сообраќајот, изјави генералниот секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје, Гордан Шутаров,

Тој рече дека ова е несериозно, политикантско однесување на Арсовска која прекинува три капитални проекти единствено заради лични каприци.

„Данела Арсовска скандалозно го поништи прокетот Бас рапид транзит за ефикасен и еколошки градски превоз. На проектот се работеше цели три години со партнерите од Европската банка за обнова и развој. Но уште поскандалозна е нејзината најава дека нема да ги гради двата нови моста, мостот на булевар АСНОМ и мостот на улица Љубљанска. Мостот на АСНОМ веќе е во подмината фаза и се што требаше е Арсовска да ја продолжи неговата изгадба. Мостот го олеснува и го намалува сообраќајот за цел Аеродром но и за Гази Баба. Мостот на Љубљанска има целосен проект и средства обезбедени од Владата преку ТАВ програмата. Важен за граѓаните на Карпош но и за центар“, изјави Шутаров.

Од владејачката партија велат дека Арсовска не работи ништо, а единственото што го прави е поништување и прекинување на проекти.

Спонзорирано: