10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Општина Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ е претворена во легло на непотизам

Соопштение на СДСМ:

Општина Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ е претворена во легло на непотизам

Во општина во Гази Баба предводена од ВМРО-ДПМНЕ ништо не се работи, ама затоа е претворена во легло на непотизам.

Толку од „новиот договор“ на партијата предводена од Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не се менува, продолжува со старите практики на партизација и непотизам нешто што граѓаните го гледаа цели 11 години.

Мартин Десподовски е советник во Советот на општината, а неговата сопруга, Габриела Десподовска работи во одделението за човечки ресурси во општината.

Секретар на општината е Невенка Стаменковска Стојковска, а нејзиниот сопруг Дарко Стојковски е вработен во секторот за инспекциски работи.

Александар Каровски е советник и претседател на комисија за урбанизам, комунални работи, сообраќај и заштита на животна средина, а неговата сопруга Тина Каровска е раководител на одделение за градежно земјиште во сектор урбанизам.

Ова е пример за непотизам и груба партизација на Општина Гази Баба која треба да им служи на сите граѓани.

Општина Гази Баба предводена од Бобан Стефковски не работи за граѓаните, туку за интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: