Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица од Скопје за криумчарење мигранти

Синоќа на улицата 11 Октомври во Куманово и во селото Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги привеле Ш.Б.(36) од селото Сингелиќ, скопско и Г.Ј.(46) од Скопје.

Околу 22 часот на автопатот Табановце-Куманово, полициски службениици го забележале Ш.Б. како со возило „фиат линеа“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти. Истовремено, на истата локација бил забележан и Г.Ј., како со возило „рено флуенс“, со скопски регистарски ознаки, превезува мигранти.

Двајцата не застанале на даден знак за запирање, но во 22.10 часот Ш.Б. бил сопрен и во неговото возило биле пронајдени четири лица – мигранти од Индија, додека во 22.20 часот во с.Љубодраг, кумановско, биле пронајдени уште пет лица – мигранти, кои од возилото ги симнал Г.Ј.. Малку подоцна во с.Никуштак, Г.Ј. бил запрен и лишен од слобода.

Возилата биле одземени, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК