8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата уапси опасен криминалец баран за дело „убиство“, избодел момче во Студеничани

Полицијата денеска приведе опасен криминаалец од Батинци кој пред месец дена избоде момче во Студеничани.

По преземени опсежни мерки и активности на оперативниот тим за потраги при СВР Скопје, лицето е лоцирано и во координирана акција со Повеќе тимови од интервентната полиција буквално направиле опсада на Батинци и го уапсиле криминалецот иако се обидел да бега скокајќи од втори кат на куќа. Како што соопшти полицијата, денеска во 14:30 часот полициски службеници од Оперативен им Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција-СВР Скопје во скопското село Батинци ги приведоа М.Џ. (21) и Р.Р. (24) од Батинци. М.Џ. бил баран со потерница во врска со чл.123 (убиство) од КЗ на РСМ. Кога ги забележале полициските службеници, М.Џ. и Р.Р. се обиделе да избегаат скокајќи од втор кат на куќа, каде биле лоцирани, но веднаш биле лишени од слобода. При преглед кај М.Џ. е пронајден пиштол со рамка и девет куршуми, како и поголема количина пари, а кај Р.Р. пронајдени се 27 куршуми. Лицата се приведени во полициска станица.

Неодамна полицијата уапси уште еден опасен криминалец од ова село познат како Мали Репки, инаку ортак на сега уапсениот.

Спонзорирано: