Centar.mk
БИЗНИС

Почнуваат празнични попусти во Ист Гејт Мол

Скопје, 18 декември 2021 – Од денес, 18.12.2021 (сабота), и официјално започнуваат празничните попусти со намалувања од -20% до -40%, во поголемиот дел од продавниците во Ист Гејт Мол, и тоа со водечките брендови од сегментот на модата (текстил и обувки), козметика, аксесоари, спортска гардероба и опрема. Секако по добриот шопинг, посетителите можат да продолжат на ручек или вечера во богатиот гастрономски дел.

Овој викенд продолжува и богатата новогодишна програма на Ист Гејт Мол, во која на 18.12.2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот на 1 кат, започнуваат магионичарски трикови за сите присутни дечиња, по кое ќе настапат дечињата од детскиот фестивал „Поточиња“ заедно со познатата маскота Поки, а свои настапи ќе имаат и трите танцови студија Eat the Beat, Аqua Dance Club и Еурека. На настанот најмалите посетители ќе ги очекува вистинско музичко изненадување и празнични подароци, а по завршување на истиот, присутните дечиња ќе имаат можност да се упатат кон боење на лампиони и китење на елка во Entertainer/ELC.

Исто така денес, во 16:00 часот на 1 кат, програмата продолжува со настан организиран од Europe House во склоп на изложбата „Изгледаш прекрасно денес“, каде свој перформанс ќе има пијанистката Ема Ананиевска, а се очекува и врачување благодарници за сите активисти вклучени во изложбата, пропратено со празничен DJ сет.

Во недела (19.12.2021), се очекува настапот на Полифонија (детски хор) со почеток во 12:00 часот, а во 14:00 часот започнува ексклузивниот „Unveiling THE BMW iXMas Surprise“ настан во Ист Гејт Мол.

Ти си центар.

Можеби ќе ве интересира

Важна информација од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје

ДЕСК

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г.

ДЕСК

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

C +