25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Агенцијата за филм ќе ги поддржи долгометражните играни филмови на дебитантите Игор Алексов и Сабедин Али

На конкурсот за финансирање проекти за производство на долгометражен, краткометражен, документарен и анимиран филм (втор рок на одлучување) аплицираа вкупно 53 проекти (играни, документарни и анимирани), од кои 35 долгометражни и 18 краткометражни.

Поддршка за реализација на мнозински долгометражни играни филмови добија дебитантските проекти на режисерот Игор Алексов за проектот „Тајната на голиот рид“, во продукција на „Сити стар продукција“, и режисерот Сабедин Али за „Паркот“, во продукција на „Визиони плус“.

Ќе се снимаат и шест краткометражни проекти, од кои 4 играни филма, 1 документарен и 1 анимиран филм.

Вкупниот буџет за поддршка на овие проекти изнесува 50.550.000,00 денари.

„Управниот одбор го пролонгира рокот за аплицирање на овој конкурс со цел да даде доволно време за одлучување и запазување на сите процедури при изборот на најдобрите филмски проекти од кои очекуваме успешна реализација. Верувам дека сите 13 проекти, што ги поддржува Агенцијата во овој конкурс (втор рок на одлучување), ќе бидат еднакво квалитетни како во последните четири години и со тоа ќе ги продолжиме големите успеси на македонската кинематографија“, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм.