Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство во Горна Матка – полицијата приведе едно лице

На 16.12.2021 околу 21.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода Р.К.(64), поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик. Во 21.30 часот во Полициското одделение Сарај тој пријавил дека во с.Горна Матка, додека бил на лов и чекал диви свињи, застрелал човек, мислејќи дека е дивеч.

Во 21.40 часот на полициски службеници им го покажал местото и телото на починатото лице. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С.Ј.(46) од с.Матка, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК