Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Запленети над 26.000 парчиња пиротехника во тетовско, приведено едно лице

Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово денеска (16 декември) околу 7.00 часот, при планирана контрола, а по претходни оперативно потврдени сознанија, на наплатна станица Желино, го лишиле од слобода Н.И.(53) од Скопје, кај кого при преглед на возилото што го управувал „фиат добло“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на скопска фирма, во возилото биле пронајдени 26.540 разновидни петарди и друга пиротехника и 77 килограми тутун.

Пронајденото е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.И. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Вонредна прес конференција најавена во СДСМ – ќе се обрати Филипче

ДЕСК

Мицкоски од Охрид: Германската компанија „Костал“ е приказна за успех што ја движи македонската економија

ДЕСК

Филипче: Се повлекуваме од Комисијата, СДСМ нема да учествува во брутално, задолжување на државата за криминални тендери

ДЕСК