Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ретерира ли Пендаровски околу Отворен Балкан?

Ретерира ли Пендаровски околу Отворен Балкан?

Вчера ја нарече фалична иницијатива, а денес вели дека е Иницијатива со лимитиран потенцијал.

Премиерот Зоран Заев денеска реагираше на изјавата на шефот на државата Стево Пендаровски кој го оцени проектот „Отворен Балкан“ како „фаличен“. Пендаровски нема ингеренции на оваа тема, вели Заев.

Кабинетот на претседателот попладнево со изјава соопштија дека Пендаровски, не само што нема да намера да го промени ставот, туку и повторија дека таквиот став му е познат на Заев веќе две години.

„Претседателот Пендаровски никогаш не бил против зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал меѓу земјите на Западен Балкан. Но, тоа што половина од државите во регионот не се дел од иницијативата „Отворен Балкан“ објективно го лимитира нејзиниот потенцијал“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СО 3,50 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ВОЗЕЛ „МЕРЦЕДЕС“ НИЗ БИТОЛА – Полицијата приведе 30-годишен возач

ДЕСК

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ДЕСК

УШТЕ ЕДЕН ОПШТ НЕРАБОТЕН ДЕН ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – Еве кога се празнува и кој ќе одмора

ДЕСК